Винер осигурување во првиот квартал од оваа година со приходи од 209 милиони денари забележа раст од 53% во однос на овој период лани. Промовирајќи една нова деловна филозофија на пазарот, фокусирана на стабилен раст и развој и ставајќи го клиентот во центарот на деловните процеси, Винер Осигурување во изминатите години постојано ја потврдува лидерската позиција со динамичниот раст на македонскиот пазар - стои во соопштението од компанијата. Винер осигурување заедно до Винер лајф е дел од австриската Виена Иншурианс која, според објавените резултати за првиот квартал од годинава има приход од 2,7 милијарди евра и зголемување на профитот на 151 милиони евра.
Винер осигурување во првиот квартал од оваа година со приходи од 209 милиони денари забележа раст од 53% во однос на овој период лани.
- Промовирајќи една нова деловна филозофија на пазарот, фокусирана на стабилен раст и развој и ставајќи го клиентот во центарот на деловните процеси, Винер Осигурување во изминатите години постојано ја потврдува лидерската позиција со динамичниот раст на македонскиот пазар - стои во соопштението од компанијата.
Винер осигурување заедно до Винер лајф е дел од австриската Виена Иншурианс која, според објавените резултати за првиот квартал од годинава има приход од 2,7 милијарди евра и зголемување на профитот на 151 милиони евра.
- Благодарејќи на супериорниот менаџерски тим, Виена Иншуренс Груп е поставена на извонредни темели. Со своето искуство и одлучност, верувам дека Петер Хаген ќе одигра клучна улога во градењето на успешна иднина за ВИГ, а големата посветеност и резултатите на нашите вработени се гаранција дека Групацијата ќе ја задржи водечката улога на осигурителниот пазар на Централна и Источна Европа - изјави Гинтер Гајер кој се повлекува од врвната раководна позиција, отстапувајќи му го местото на својот досегашен заменик Петер Хаген.